Во овој доцен час изгледаше како светот да им е предаден на мажи кои се без жена, мажи кои со понизна трпеливост чекаат нешто неодредено како што јас ги исчекував нашите средби.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Буквално болен од љубов, стенкајќи одвнатре со секое нишање на возот и загрижен дека засекогаш сум оштетен, ѕиркав надвор во жолто-осветлените станици каде осамени мажи стоеја пред огромни реклами, слики на раскошни манекенки изобличени со графити - истите стари навреди и повици; ДА ТЕ ЕБАМ, ПУШИ МИ ГО.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ги одбегнував нивните погледи за да не го видат сожалувањето во моите очи, моето сожалување кон нив затоа што јас тукушто бев со тебе, твојот мирис сѐ уште беше на моите дланки и толку голема иднина навидум беше на видик.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)