На јужната страна на валогот, таму каде што поточето веќе навлегуваше во Рамните Ливади, во папратот што пред десетина години го разорале за да садат компири, откриле траги од некаква стара населба.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На Градишки Рид, кој е, всушност, јужен лак на Потковицата, стотина метри источно од Градишки Пат, незабележливи на прв поглед, зашто се сокриени во шумата, затрупани во земја и сосема непознати за дошлаците, има остатоци од стара населба - расфрлани камења, покривни плочи, парченца ќерамика и слично.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се обидуваше, како многупати порано, со помошта на знаењата добиени по историја, да ја замисли таа стара населба, луѓето, животот во неа, но овој пат тоа не му успеваше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)