Ако работодавачот воведува прекувремена работа подолго од наведениве законски ограничувања – должен е да изврши прераспоредување на работното време или воведување на нови смени (чл. 117, ст.2 и ст. 7 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„Хранарината“ може да изнесува најмногу до 20% од просечната нето-плата по работник исплатена во претходната година, а „патарината“ се исплаќа во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај (чл. 113, ст.4-5 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со втората измена на ЗРО (2005), од декември 2008, се определи максималниот износ на хранарината и патарината којашто можат да ја добиваат работниците – имено, трошоците за исхрана можат да изнесуваат најмногу до 20% од просечната нето-плата по работник, исплатена во претходната година; а, пак, трошоците за превоз – во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај (чл. 4, ЗИДЗРО/дек.08); 23 стопанството на РМ (10.VII.2009) – туку тоа е оставено да се стори со колективните договори на ниво на дејностите (чл. 17).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Работодавачот мора, во писмена форма, да го извести работникот за временото прераспоре- дување на работното време најмалку еден ден пред тоа, а одредбата за „забрана на работа преку полното работно време“ важи, исто така, и во случај на нееднакво распоредување или прераспоредување на работното време (чл. 123, ст.2 и ст. 6 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)