Деница од под фотографиите на девојките, а тие беа седум (ги изброја внимателно, редејќи ги една врз друга, додека Илона полека, како едвај чуен одглас на развлеченото Д-е-н-и-ц-а-п-и-ц-а, си ја прибра раката од нејзините стегнати бутови) извлече една фотографија на маж, за двете добро познат лик: тмурест, тркалобразен мустаклија, Грк со мароканско потекло по име Ниротакис, на што Илона ги собра прстите во тупаница и ја накрена подлактицата нагоре, извикувајќи: „Ооо…, охо, хо… нааа…“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)