На интернет страницата на Агенцијата за странски инвестиции, меѓу другото, пишува: „Со цел да се поддржат компаниите и да се зголеми нивната меѓународна компетитивност, Владата воведе законски реформи во функционирањето на пазарот на трудот кои овозможуваат полесно вработување и отпуштање на работната сила.“
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
192 ЗАКЛУЧОК ОПАЧИНАТА НА БИЗНИС РАЈОТ Иако „транзицијата“ никако не завршува, спасоносното решение сепак се знае – привлекување на странски инвестиции, претворање на Македонија во посакувана бизнис дестинација, во бизнис рај за странските инвеститори.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Убедена во точноста на формулата, македонската влада во 2007 година еуфорично го најави отпочнувањето на новата кампања за привлекување странски инвестиции под карактеристичен наслов: „Инвестирајте во Македонија – нов бизнис рај во Европа.“
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Работниците во Ван Хул во Белгија се платени по 40 евра на час, додека пак работниците во фабриката на РМ нешто под 4 евра.3 Хегемонијата на митот за странските инвестиции како единствен лек за опоравувањето на економијата, наместо дополнително да ја подобри положбата на работникот, дегенерираше во субвенционирање на приватниот капитал од страна на јавниот буџет и континуирано потиснување на работничките права се со цел да се поефтини работната сила како богатите инвеститори за себе би можеле да извлечат дополнителни профити.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)