Трепереше сплеткан во невидлива студена мрежа и молеше со сув плач - небо, земјо, белино, зошто ме убивате? - а околу него, од ситната, подвижна прашина во сончевите коси зраци, раснеа птици и кунатки со безбојни или со портокалови очи.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Коа го спомна Крстета и кога го изжала дека малецок го поцрни попот, таа дури и го исплака во себе со сув плач.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Потоа се слушна грозничаво смеење, нему му се придружи сув плач, по подот од собата над нас затупотија стапала тешки како копита, од едната соба до нас се слушнаа удари во ѕидот, од другата соба до нас – мумлање, од некаде доаѓаа нејасни зборови кои бараа помош, зборови кои заблагодаруваа и зборови кои негодуваа, зборови со молба за пуштање на слобода, од некаде доаѓаа човечки гласови што звучеа како клокот на вода, како животински рев, како птичји крик, гласови што звучеа како ветер низ гранки и гласови што звучеа како удар на камен од камен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа гласот му го поклопија испреплетените звуци на хармониката и во тој миг во куќата на вториот кум бабите запалија свеќа и ја определија првата тажачка со покорност и со сув плач - нивна врсничка им доаѓа, пред сите нив стои една и последна врвица по која се чекорилесно и нечујно, со насмевка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Одеднаш сѐ повторно стивна, како нешто да ги задави сите отворени грла. Тишина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Неговото непрекинато мрморење сега се престори во некое чудно подвикнување, во кое се придушуваа издивнувањата, а тоа беше и единствениот начин да се преборат во себе и да бидат превидени и липкањата на еден ваков чуден, сув плач.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)