Многумина си порачаа и понешто за јадење од сува храна — конзерви риби, разни суџуци, пастрма и сиренце и така, со мезето ја сврзаа вечерата да поминат на вино и да преседат докај полноќ на јасникот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ми здодеа животот на конзерви и сува храна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Туку, дај од петочново гравче. Два дена сум на сува храна. Сакам лажица да заигра.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Братучедите на тоа се погледнаа под веѓи и рекоа дека ќе земат сува храна.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Уморен сум од патеписни стихови, крајпатни кафани и сува храна.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Ми дадоа сува храна и патен билет: Потма — Алма Ата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Знам дека во тие моменти јас ништо не исполнував освен што те празнев, јас бев резерва, јас бев сува храна од која, по оброкот што завршуваше необично брзо, по чаршафите остануваа мали, невидливи вирчиња од кои се испаруваше мирис на пот и одвратни парфеми.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Последно што ги прашаа беше дали сакаат тука да ручаат или да им дадат сува храна и да тргнат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)