Тоа речиси бесконечно „играње“ на состојбите на зборот фатени во лет одразува една од можните коинциденции што во поезијата на Ренџов се повторува од неодреченото, неодстореното, неодотвореното суштинско прашање за тоа: кои се конечните можности на „зборот“ како енигма во обликување на мислата кое и самото треба да му го овозможи величењето на зборот како суштина на мислата.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Прелистувајќи ги книгите уморни од вечното трагање по тие суштински прашања, а не добиваме ништо друго освен банални одговори, медитацијата ме потсетува на стихови кои оставија траг врз полноста на моето постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Формата на моето битие го дефинира просторот и времето во кое постојам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Да, тоа е суштинското прашање прифати Камилски но ние бездруго ќе ја откриеме вистинската причина, откако ќе ги консултираме сите западни книги (кои ги носам јас), но и сите источни (кои ги имаш ти ).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Полемиката му се чинеше како суштинско прашање за совеста на Европа кон Балканот, на империјалистичките цели на Западот кон Балканот, кон бришењето на малите јазици како столбови на илјадалетните идентитети.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Секогаш се обидуваше во нив да најде одговор на своето суштинско прашање – кога веќе еднаш ќе почне да живее?
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ние уште не располагаме со доволно податоци за да го одгатнеме ова суштинско прашање.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Присутноста како постоење на еден ентитет е суштинско прашање при градењето на технологијата на виртуалната стварност.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Исто така, ни пружа проза која е површински читлива, „задоволство во текстот“ коешто ни овозможува да ги заобиколиме суштинските прашања: текстот може да се чита како чиста комедија, лингвистички slapstick, „надреализам“, „музика“, итн.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Молк. Старецот, очигледно изненаден од суштинското прашање на Еразмо, чиешто раѓање не го очекуваше токку рано, се сепна. Молчеше извесно време.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)