Всушност токму тогаш повторно ја видов големата сјајна месечина, но овојпат сместена како гнездо во крошната на високиот костен, па вејките на дрвото се исполнија со многу посребрени плодови, а на поспаните птици, (си помислив самозадоволно), на оние на кои едното око постојано им е будно, сигурно им се причинуваше дека и овојпат тие се посакувани украси на некое празнично дрво што месечината од посебни причини го украсила токму за мене!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Можно ли е, заради таа своја проклета Партија, да не ми дозволи да прочитам една љубовна песна, во која само ќе ја опишам косата на љубената, под сјајна месечина?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)