Моите во Картагина го познаваа добро мојот ритуал на блискост, нежност, пред секое заминување на тајна средба во некое од тајните места во Тунис во кои Арафат се сретнуваше со своите приврзаници, новинари, амбасадори...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Додека Гзиме одеше да ги види децата, во мигот се сетив на првата тајна средба со Јасер Арафат, пред две неполни години, по предавањето на акредитивните писма на едно тајно место, како прв амбасадор на Југославија на државата Палестина, која офцијално не постоеше.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Пред секоја средба со Јасер Арафат чувствував длабока, необјаснива потреба да се видам со сето семејство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)