Нашите погледи бавно шетаат по тажните изрази на светците, некои насилно оттргнати од фреските и иконите, принудени на незамислива функција, потоа тука е симната Богородица од олтарот – за да се покаже дека е направена од пластична материја, односно дека нема ништо вечно во неа!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Да влезам како питач со тажен израз и подадена рака - молам пари и љубов; кога ќе станам економ на едно планинско градилиште ќе ви пратам света планинска водичка и чесно ќе се оддолжам.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)