Се разбира, и нашите двајца генерали поверувале дека би можеле да се најдат помеѓу тие среќници, но за жал немале никакви документи со кои би го докажале својот чин во руската војска, а Борис Степанович сосема разбирливо, одбил да им издаде уверение дека се генерали. Вистинита но и тажна приказна!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Жените не им се гледаа надвор ако некој се приближуваше, но звукот на дајрето што најчесто приквечер го трепереше воздухот од нивната страна, му ја кажуваше на синот на Тајко тажната приказна на сите сиромаси кои усилената веселост ја користеа за прикажување пред светот на среќата што на богатите им недостасува.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Додека Вангел раскажува по гласот се познава дека ликува, особено што од капетановата лоза не останало ништо Жила не устана! Тажна приказна.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Сенилноста на баба ми Санда е тажна приказна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тука јас ништо не можам да сторам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Другарите молчеа потиснати од неговата тажна приказна.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
„Јане нема да дојде. Долга и тажна приказна, ама можам да ти ја кажам со една реченица: Родителите на Јане станале стечајци и нивната перспектива - дури во Австралија...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)