Ноќта, кога се колнеа во љубовта што го потврди непишаното правило дека таа може да се роди и на прв поглед, Авни ја преточуваше нејзината долга коса низ прстите велејќи ѝ дека тоа го потсетува на заграбите трева во ливадите на Орлик, кога како дете ги пасел говедата. Ѝ велеше дека нејзината коса го потсетува на мирисот на тревата, на питомото и дивото што извирало од нејзините жилки, претворајќи се во жештина што треба да се истури и дека тој ја чувствува таа потреба затоа што топлите, танки прстиња на Сања, веќе се шетаа по брановите на неговата црна коса, по тилот, и продолжуваа по вратот, по рамената и надолу по грбот, слегувајќи како повев на јужен ветар на страните од бутовите во кои Авни ја нафрли сета своја машкост вовлечена меѓу широко раширените нозе на девојчето.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Нејзината рака беше во неговата, сместена во неговата дланка, а нејзините танки прсти ги зграпчуваа и ги притискаа неговите прсти.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Потоа ја дигна слушалката стискајќи го со танките прсти наострениот молив.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Воздушните струи од крајните отвори досегаа, како долги танки прсти, ги истргнуваа зборовите и ги истуркуваа кон отворите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)