Во таков ред ќе се најде и татковиот брат, без апсолутно никаква вина, и нему без да му се знае гробот, како на многумина други од семејството во родниот град Поградец.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Татковиот брат тогаш му рекол дека никому лошо не му сторил, па нема зошто да ја напушти земјата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но имаше и друг проблем со кој се соочував: ако му се јавев на мојот вујко, ќе требаше да им се јавам на синовите на починатиот татков брат.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Татковиот брат, заминат кон Запад, на студии во Лондон пред војната, па вратен и останат со семејството во Поградец, па во Корча и Тирана, имаше трагична судбина во периодот на сталинизмот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Братучедот ја запре колата и ми рече:
Ова се ознаките на вратата на пеколот! Тука беше ѕидот- граница!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Возејќи еден стар мерцедес, постариот син на татковиот брат, кој настрада во сталинистичките чистки, запре на местото каде што беше некогашната капија на воената балканска граница, вистинскиот балкански ѕид, што го мина мајка ми по враќањето од Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Се случи една вечер кога ни втаса од преку границата уште една телеграма- некролог во која се јавуваше за смртта на Татковиот брат, во еден од сталинистичките логори.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)