Врз основа на мировниот договор помеѓу Англија и владата во Анкара за размена на затвореници, ќе биде најпосле ослободен Татковиот вујко Али Фети.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Првпат овде јас допатував во далечната 1965 години со воз и се најдов потоа на островот Бујук-Ада, крај Цариград, во резиденцијата на татковиот вујко, некогашниот Ататурков пријател од сите битки за создавање на нова Турција, пречекан од ведрата и пријатна сопруга односно таткова вујна Галибе Анум и од неговиот син професорот Осман Окијар, тогаш ректор на Универзитетот во Ерзурум.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Татковиот вујко Али Фети, кој ѝ служеше на Османската Империја како воен аташе во Париз и подоцна како амбасадор во Софија, потоа во владата на Изет-паша како министер за внатрешни работи, заедно со блиски унионисти (приврзаници на Унијата за прогрес и единство), ќе се крене против натамошно распарчување од тоа што преостана од Османската Империја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во истиот период амбасадор на Рерублика Турција беше Фетхи Беј Окијар, татковиот вујко, поранешен премиер на Мустафа Ататурк.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)