татков (прид.) - душа (имн.)

Бев свесен дека ова патување требаше да значи и еден вид отворање, ширење на Татковата душа отаде границите кои постојано се појавуваа пред него.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Стрелката во татковата душа - компас, по долго треперење, во еден период покажа дека треба да патува кон северозапад, се разбира доколку опстанеше патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Многу години по Татковото заминување, кога ќе светнеше жолтата ламба среде татковите книги, ние верувавме дека Татковата душа е тука, крај неговите книги кои таинствено, во долгите ноќи, продолжуваше да ги прелистува Мајка... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеби така било и во татковата душа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И кога во младата Таткова душа силно се прекршуваа овие времиња...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXIII Во Татковата душа како да имаше длабоко вникнато невидлив компас чија стрелка постојано осцилираше помеѓу Исток и Запад.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А ако се гребеше и во татковата душа и таму ќе се откриеше еден крај друг верски слој, помирување или рамнодушност кон обата. Но, не и атеизам...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)