Размисли за ова и јави ми! Овде има некои кои мислат да почне „жетвата“ 25). Поздрав Твој брат, Пере Тошев“.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ти го праќам клучот, со кој треба да ја отвориш „вратата"26) Поздрав Твој Гоце.“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
ЛУКА, Слушај ти, добро што твоите браќа и сестри ме удавија со здодевност, но сега кога те дочекав со толку желба да излеземе на прошетка, доаѓаш накисната до кожа НЕГОВИТЕ и со лице некаде меѓу боја на олово и форма на превртен чадор, кое така добро го познавам. Па не можеме така да се разјасниме, гледаш ли.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Речиси дека се подобри твоите браќа и сестри, кога се борам со нив барем времето ми поминува, сè оди подобро кога човекот ја брани слободата и надежта; но ти, ти не ми пружаш ништо освен празнината на останувањето дома, сознанието дека пријателството во сето тоа се подразбира, дека ноќта ќе стигне како задоцнет воз на перонот низ кој фучи ветар, ќе стигне по многу матеа, многу вести, со твојот брат понеделник што пред вратата го чека моментот кога повторно ќе ме соочи со него, најлошиот, прилепен за тебе, но ти си пак така далеку од него, зад вторникот и средата и така натаму.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Знам веќе, семејство, но сега наместо да си на мојата страна а против нив, ти се приклонуваш не оставајќи ми време за било што, дури ни да се помирам со судбината и да се привикнам, се појавуваш вака, водата капе низ тебе, сивата вода на невремето и студенилото, обесхрабрувачко порекнување на нешто што толку го чекав додека постепено се ослободував од твоите браќа и сестри обидувајќи се да ги сочувам силата и ведрината, да имам џебови полни со пари, да смислувам каде ќе одиме, пржени компирчиња во оној ресторан под дрвата каде што е толку фино да се руча покрај птиците и девојките и стариот Клемент што го препорачува сирењето проволоне и понекогаш свири армоника и пее.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Тој куршум беше вперен во срцето на нашите чувства, а се распрсна срцето на твојот брат моја Сања,“ ѝ пишуваше Авни на девојката која остана во неговите сеќавања со широко отворени очи во триаголникот што со необично прави линии го формираше шамијата завиена околу нејзината глава.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
- Но, твојот брат душман ни беше нам. Кои заповедаме?
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
И јас со задоволство ти ја признавам таа победа, оти твоето здравје и твојата лична среќа, како и на твоите браќа и сестри, ми се најважното нешто во живото.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
„Зошто не го побараш тој твој брат Сафет и не го прашаш како нѐ стрелаше од пусија“ и самиот во гнев пелтечеше Борис Калпак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш виде. „Тој прстен“, запелтечи гневно. „Тој прстен на твојата рака.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И долго потоа, сред највеселите мигови, се појавуваше пред него ликот на малечкото чиновниче со ќела на челото, со неговите пронижувачки зборови: „Оставете ме, зошто ме навредувате?“ – и низ овие обземувачки зборови одекнуваа други: „Јас сум твој брат“.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)