твој (прид.) - кревет (имн.)

Но, кога сме веќе кај креветот, те молам тоа да биде француско легло, сѐ уште ја чувствувам пружината на оној твој кревет во Скопје.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Марко спиеше по цел ден на фотелјата покрај твојот кревет, чувствуваше дека те нема и тагуваше по тебе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ослушкувај како на полицата над твојот кревет будилникот ги отчукува чекорите на времето.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Под твојот кревет дреме пеколот. Експлозивите ќе ги збришат долните страсти и оргиите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Желбата да те видам, да поседам покрај твојот кревет, да се обидам можеби да поведам уште еден разговор со тебе. Да! Јас. Синот! Дали слушна што реков? Синот!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури ноќта, несоницата со цвилежот на запалената кучка те тера да ги протеруваш нечесните демони од себе, да се тресеш од лазењето на инсектите по жилите, да завиваш под јорганот, додека на стотина метри од твојот кревет, гледачите пред провинцискиот театар, уредно наредени во семејни кругови, чекаат да ги подадат билетите за вечерашната премиера.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Се разбира дека мислам на себеси кога го изговарам тој збор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти лежеше во твојот кревет со инфузиите кои што течеа низ твоите вени.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)