Ноќва виното другарува со моите усни додека ѕвездите прават пат за твоите мисли... јас ги редам зборовите како мозаик...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Кока-кол'та в жили ни се лее, Бел'та куќа саде ни белее, не сме ние Фиромци абдали: твојте мисли - наши идеали!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Трмката на твојата мисла се рои во пределот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Вторпат за неколку месеци ја слушнав таа твоја мисла, кога се враќавме од САД на аеродромот во Лондон и сега, пак.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Не те зафати бура, а така нешто во тебе се скрши, во твоите мисли, во твоето чувство кон луѓето и светот нешто се променило и сакаш себеси да се убедиш дека не постоиш.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Го сретнав вечерва во твоите мисли.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тој не знае да ги чуе твоите мисли и нема да можете да разговарате.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Како кога ѕвони телефонот, ти си дома, а не ја креваш слушалката.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Си заборавила на телепатијата? – се изненади Игбал.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кон таму сега повеќе нема да може да заскита ниедна твоја мисла, макар и да пцовисаш од глад.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јас не можам да прочитам, во плимата од твоите мисли со широк опсег на творечка фантазија...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)