твој (прид.) - присуство (имн.)

Но исто така го немаш спомнато ни оној случај: кога си останал счудовиден од намерата на Господ Саздов да си ја изврши граѓанската должност откако во твое присуство изјавил дека ќе ги обавести надлежните служби за противдржавното однесување на тројцата развластени команданти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Копнеам за денот, тој убав светол ден, што ќе ме просветли и ќе ме оплемени со твоето присуство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Те преколнувам во првото мајчино млеко, твоето присуство ќе биде изненадување и за други.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Многу слободна, дури и искривена интерпетација! – реков – Не стануваше збор за никакво счудовидување туку за обично разменување на размисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)