твој (прид.) - срце (имн.)

Океаните ќе беа капки во твоето срце.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Тој е и во твоето срце, затоа што е тој срце во нашите срца!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во него авторот и се враќа на својата омилена тема, македонската национална историја, односно на еден од најголемите нејзини непокорни синови Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Копнеам како никогаш порано да заспијам на твоите гради и да го слушам чукањето на твоето срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мојата душа ти се предаде долго пред да те сретне.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Моите солзи на твоите усни, сиурно силно печат, моите солзи на твоето срце, моите солзи на твоите раце, сигурно лузни ти оставиле.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На душава да ја сошијам твојата љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Слушај Срцка, јас не сум само твојот носач, туку сум и клучарот на твоето срце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Раскошните дрвја, бујните градини и шарените цветови со илјадници бои шират магични ароми, коишто во твоето срце не внесуваат спокој.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Еве го твојот поглед со кој сонцето им се обраќа на плодовите Две брези имаш и некоја црна месечина меѓу нив изгрева Си ги прибрала сите светулки во твоите ливади да пасат Црна сенка минува преку твоето срце...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Знаеш дека сѐ е завршено, сѐ е готово, во тебе се одвива погреб, во твоето срце, со луѓе во процесија облечени во црно, тие го оплакуваат умрениот, а тоа си ти, а ти сѐ уште си жив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нашите срца се болни, Сафет-ефенди, и затоа грешиме. И моето, и твоето срце.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Не е твое срцето, вели Горачинов, тоа е моето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мила тетко Персо, не можам да влезам во твоето срце, во твојата куќа, во твоето одајче, а за ова да не знаеш!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ако и понатаму останува отворено твоето срце за мене и за моето црно семе, мојата Пелагичка, ќе си ги соберам пљачките и ќе се преселам кај тебе и од сега па до крај ќе те викам мајко Персо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ги разбирам мислите на твоето срце, оти си чедо на мојот драг син Добре, најдобриот човек на светот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Зар мислиш не проѕрев во твоето срце и не видов колку ме сакаш?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Твојата огорченост е толку силно изразена, што предизвикува нетрпеливост во твоето срце – продолжи старецот. – Јас ќе дојдам пак до одговорот што ти го посакуваш, но на подобар начин.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе го пригушам нежното распаѓање на мислата... „МОЖАМ СЕ“ Ко капка роса на лозов лист, ќе го пронајдам патот, за да ги збришам сите темни дамки во твоето срце...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Засекогаш ќе остане празнината во твоето срце за мене а во твојата глава ќе виси ликот мој како фотографија на бел ѕид.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Јас сум твојот ангел чувар Заминав од твоите очи, но не и од твоето срце и глава...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)