Утредента отец Ангелариј влезе во одајата на отец Лаврентиј задишан и му соопшти дека ноќта исчезнало пофалното слово за блажен отец Климент, кое тој, отец Лаврентиј, го беше составил со своја рака и душа, а чие исчезнување се дознава и од биографот на Климента, премудриот Теофилакт Охридски. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 123 2.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И додека плачев над празните сочиненија, ветрот се стори кикот и ми рече: “ Така ти било пишано, Лаврентиј :едно друго време да видиш, и други народи, и други луѓе што со туѓи букви ќе ги сочинат твоите празни книги, други имиња на нештата што ќе им дадат, а ќе им ги заборават вистинските, природните.”
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Висеше на жици, а лут ветар свиреше во твојата празна уста.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во твоите празни очи го гледам сето кое било: од нас пропуштена приказна за двајца со верба.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
А јас потем ги бркав во воздух словата што летаа кон небото, додека не се разбудив во страшен страв.”
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Расцутен двор, камбани што корнат еден дрвен крст И го фрлаат меѓу ѕвездите, Празничен чаршаф, свеќа што догорува И твојот празен стол покрај трпезата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)