твој (прид.) - топол (прид.)

Стави ми ја твојата топла рака на челото и тоа ќе биде нашето проштевање.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се лепам, се смалувам низ твојата топла кожа со наежени влакненца, лесно навлажена од потта кај рабовите од вешот: - Остани со мене.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Го сакам мирисот на твоето постоење, сакам кога разиграно ќе поминам со прстите низ твојата коса, ги сакам твоите прегратки, го сакам погледот од твоите топли, широко отворени очи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Гледајќи го својот лик во нив се чувствувам живо и знам дека во нив се раѓа цел еден свет.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Леле, колку би сакал да потонам во твојата топла прегратка во која кога студи во Москва каде-каде подобро ја разбирам тагата на Константин Миладинов и збрлавените сонца во неговата глава.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)