театарски (прид.) - завеса (имн.)

Калкуланти, бедници, лицемери, кулоарски вошки што ги грицкаат театарските завеси, лешинари на празнината кои никогаш ништо друго и не правеле освен што го одржувале бесмислениот празен оган на големата празна празнина, на чие што дно ко во некоја инка/црна дупка, ко талог, трепериме и ги слушаме нивните мегафонски ступидарии.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тогаш клепките на убиениот сами од себе паднаа како театарска завеса поклопувајќи го неговиот зелен лик.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Додека трчајќи мислам на тоа како на сцената сум само глупаво нашминкан актер чии зборови не може да бидат сфатени сериозно, слушам како смеата и ракоплескањето се засилуваат. * Запис пронајден во стара театарска завеса ВО ЛАВИРИНТОТ* Ја штипнав за задник царевата ќерка и ме затворија во лавиринтот на Минотаурот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)