Токму во вакви пригоди се бара од играчите да се воздигнат, да ја покажат сета своја вештина и да ги магнетизираат гледачите со сјајни прикази на бистроумност, на подвижност, на техничка и тактичка умешност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Класните импликации не се толку тешко одгатливи како родовите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Културната организација на дејството во нашето општество им приредува на таквите изведувачи нешта што би можеле да се замислат како лирски мигови – мошне кратки, минливи мигови на пресудна напнатост, дел од секунда во кој сѐ неизвесно стои на тенка жица.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Драматичната глетка што ја овозможува јавната изведба на ретки и тешки подвизи, кои се извршуваат мигновено при најголема изложеност и под стравотен притисок, го претставува оној главен извор на возбуда поради кој и публиката на спортовите и публиката на изведбените уметности радо плаќаат големи парични износи.392
А, сепак, двете дејности имаат крајно различни класни и родови кодови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)