- Командантот на магацините - почувствува лесен допир по рамо и прво ја виде телефонската слушалка исправена пред лице.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И Џеки и Џими се натпреваруваат - татковците и стриковците во телефонски слушалки дуваат, да соопштат вјасаат - ако владите не ги разбудат децата нема за нив да гласаат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Мајка ми, сета расплакана, се стрча кон мене, а татко ми ја остави телефонската слушалка и смуртен, како најоблачниот ден на светот, се упати кон нас.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мајка ми влезе во кујната и кога ме виде со телефонската слушалка во рака што јас од возбуда заборавив да ја спуштам, очите од лутина ѝ светнаа: - За ова би требало да бидеш казнет, - процеди бесно, - ама, сега нема време за тоа.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
А тој со двете раце, како божицата Шива, држеше повеќе телефонски слушалки, како да имаше повеќе раце.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Фарук Кадму ми покажа со рака да седнам на најблиската фотелја до него.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А сега наутро – дрн – телефонот и телефонската слушалка ќе ти ја каже лошата вест. Или ќе отвориш весник и сликата на роднината, на пријателот...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Како одблесок се нижат деновите и ние се враќаме со мислите на боиштата, во туѓината, се враќаме во тоа наше постоење таму и тука, во нашето вчера и денес и не поткачува прашањето – а утре чија слика ќе се појави во весниците и чие име ќе го слушнеш во телефонската слушалка?...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
„Бартон“, се слушна од телефонската слушалка. „Бартон, Бартон, Бартон.“ „Молкни!“ извика.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)