И сите темни места, во исто време, ти ги осветлува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сфаќаш:
меморијата е емотивна категорија
како и сѐ друго што е
битно.
Разбирањето на темните места на светот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Вели оти често ме следел, набљудувал и дека уште Долу сум му оставил впечаток и дека затоа ми го доделил ова подзатемнато, но не темно место, ова подосветлено, но не зрачно место. Орта.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)