И на месечината, навистина негов одраз под проѕирно сребро на темен простор и далеку од секаков облак, од човечка болка, од се што е живот на оваа земја.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Разговарам со некоја девојка од некој панк бенд и заедно го докусуруваме остатокот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кога ќе останев сам, најчесто ја земав големата школка, сиот се вовлекував во неа, исчезнував во нејзиниот темен простор, за да слушам, да наслушувам, да патувам, да одгатнувам.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Зборовите „Гуштероглавиот и Песоглавиот, во темниот простор на мојата маса“ почнаа сами да се испишуваат, дури да се исцртуваат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ги закачуваше испретураните коски со врвот на чевлите. и овој тажен судир на живите со мртвите тапо и суво одекнуваше во темниот простор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ги затворам очите и слободно паѓам во темниот простор.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)