темен (прид.) - улица (имн.)

Од темната улица испливуваат: широкополна сламена шапка и монокл врз пасторовото лице.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еднаш тоа се согласи и јас го поведов по темната улица до отворениот прозорец на оној што го демнев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Ете, гледаш, темни улици и темни населби, ризик е ноќе да се движиш.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Па и во десет навечер, иако беше малку страшно низ тие темни улици, јас упорно одев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Еднаш тоа се согласи и јас го поведов по темната улица до отворениот прозорец на оној стан што го демнев. беше брзо и подвижно како мачка, но не влезе веднаш и јас му го дадов ножот да ја расцепи мрежата за комарци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ми го сечеа патот, ме пречекуваа во темни улици и ме прашуваа колку е часот, ме прислушкуваа на стадионот, по продавниците и на состаноците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Некој на аголот од темната улица Со усна хармоника ја свири смртта.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Ми го сечеа патот, ме пречекуваа во темни улици и ме прашуваа колку е часот, ме прислушкуваа на стадионот по продавниците и на состаноците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)