Меклин ја спомнал и можноста за формирање федерална држава, која би била составена од Југославија и Бугарија, а кон која би се приклучиле Грција и Албанија и во која, според Меклин, границите на „идеална Македонија цврсто би се формирале“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тито, од своја страна, како што известувал Меклин, настојувал да остави впечаток на политичар што нема намера да ги промовира територијалните претензии на Југославија во тој регион пред одржувањето на мировната конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Пишувајќи за разговорите со Тито во врска со Македонија, Меклин истакнува дека и самиот Тито бил свесен за „деликатната природа на внатрешните и надворешните проблеми“ и дека во поглед на развојот на политичките работи се однесувал многу внимателно.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Уште повеќе што и самиот Меклин, во ноември 1944 година, истакнувал дека Светозар Вукмановиќ-Темпо и Димитар Влахов, при своите настапи, изразувале територијални претензии спрема Бугарија и Грција, што било причина Меклин да испрати протестна нота до претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Овде Доливети го поставил прашањето дали за реализирање на идејата на Салвемини нема да претставуваат пречка, од балканска гледна точка, територијалните претензии и другите политички проблеми на Балканот или во некои соседни земји, кои би можеле да ја комплицираат ситуацијата?
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Адамиќ сметал дека во таа ситуација "Обединетите нации би требало да бидат тие што ќе обединат и ќе изнајдат формура за акција, со што оптимизмот на Салвемини би станал реален".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)