- Златото е богатство! - слушна зад себе тих глас. Малчо се сврте.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Беше еден сосема тих глас, а по него еден длабок одглас на нешто како далечен истрел, кој потоа како да се повтори од поблиску, а низ сето тоа, едвај дофатливо за слухот, се носеа последните одзвуци од нешто, што не беше ни писок ни волчешко завивање, а тој во таа своја потонатост можеше уште да помисли дека вака може да се разреси во своите последни одзиви само човечкиот вик.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)