топол (прид.) - допир (имн.)

Оваа питома и кротка душа се топеше во твоите нежни и топли допири во долгите и студени зими.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дај ми само уште еден гриз од убавите, вкусните и неодоливите моменти, во сочните и зрели делишес плодови на разиграните секојдневија ќе уживаме заедно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Дојди, момче! Арсо пристапува напред. Кајмакамот се поткренува од столот и Арсо сеќава скокоткање по образот и топол допир на влажните усни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)