топол (прид.) - поглед (имн.)

Никој не може да оспори дека таа беше главен организатор на сета оваа програма и многу детски искрени топли погледи на учениците беа упатени кон Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мислев колку е вистинит неговиот топол поглед.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ама се сеќавам на неговиот мил и топол поглед. Длабочината на очите. И на мустаќите.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Топлината на неповторливата насмевка на вујко ми Вангел Скендеров и топлиот поглед на дедо ми Димитар Скендеров.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Имаше сребрена коса. Долга. Сплетена во плетенка.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ти не ли си Дики, осамено момче кое бара широкограда девојка со топол поглед и благ глас?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Како која?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа, облечена во снежна венчаница со долги ракави, го погледнува од под велот со топлиот поглед на светнатите очи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во главата на Алегра одекнуваат стиховите од Песната над песните: „Таков е мојот сакан, таков е мојот мил пријател”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Или обратно, не е толку важно.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кога ќе види, што ќе види: мајчиниот топол поглед заменет со мртовечки череп, како оние што ги има на секој трансформатор насекаде низ светот и под кои пишува: внимавај, опасно по живот!
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Една срничка разиграно трепка,барајќи топол поглед,нежен мајчински допир, топла и искрена прегратка...во растурените свилени крошни, интонирани со свежи и убави бои, какви може да ги даде мајката природа...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Може, но јас не сум првпат тука, - човекот гледаше во детето со долг, топол поглед.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)