топол (прид.) - супа (имн.)

Членовите на британскиот музички состав, „Кошин“, за да настапат на отворањето на музички фестивал во Бања Лука, побарале од организаторот за време ручекот да им се сервира топла супа во која нема да мрда, ама јасно ќе се гледала опашка од вол, а питата што требала да има централно место на трпезата, морала да биде свинска.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А мојот маж со студена љубопитност ме набљудува како минувам со чешелот низ косата или како ја кревам лажицата со топла супа од чинијата до усните.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се сеќаваше на една ќелија со кревет од штици, еден вид полица што излегуваше од ѕидот, и на еден метален мијалник и на оброците од топла супа и леб, понекогаш и кафе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)