тоталитарен (прид.) - држава (имн.)

Neue Slowenische Kunst - како уметност- слика- и- прилика на Државата - ја обновува траумата на авангардните движења така што се идентификува со неа во фазата на асимилација во системите на тоталитарните држави.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Со пристапување на Кралството Југославија кон Тројниот пакт, тоа се приклучило кон земјите што застанале на страната на тоталитарните држави и кои биле за ново политичко прекројување на светот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Она што во Германија им се префрла на поединци - не толку фактот дека некогаш работеле за тајните служби на тоталитарните држави, туку токму тоа дека денес тој факт го премолчуваат - кај нас би можело да му се префрли на целото општество.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Надвор од Тројниот пакт на Балканот останале само Грција и Турција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Роден е во Токио, каде што останал до крајот на својот живот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Попрецизно, СВОЗ-от беше манифестација на параноја во една тоталитарна држава.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Романите и расказите на Франц Кафка се израз на отуѓеноста, на осаменоста и на анксиозноста на современиот човек, проекција на противставените односи меѓу моќната, нехумана и тоталитарна држава (секоја институција на власт и авторитет, држава, политичка, црковна, семејна) и немоќната единка (обичниот човек).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Модерната уметност сѐ уште не го надвладеала сукобот предизвикан од брзата и делотворна асимилација на историските авангардни движења во системите на тоталитарните држави.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)