Доколку направевме споредба на договорите за вработување со „скратено“ работно време од чл. 48 и чл. 49 од ЗРО и чл. 122 и чл. 122-а (скратено работно време во посебни случаи и скратено работно време во посебни услови соодветно) ќе дојдеме до заклучок дека кај скратеното работно време, кое е изедначено со полното работно време, но временски трае пократко поради тежината и опасноста на работата е тотално спротивно на формулацијата за неполното работно време кога работникот работи пократко поради помалиот обем на работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)