Еден политичар вреска дека неговиот народ не е исплашен туку лут, друг бара да загинат по милион луѓе од обете страни за работата „еднаш засекогаш” да се реши, трет вели дека е подобро народот да му се наоѓа во состојба на вооружен екстремизам отколку во летаргија, како тие две состојби да се единствените можни состојби на човековото постоење.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Една цела фаланга националистички ориентирани политичари, писатели, фарисеи, профитери започнаа да го нагризуваат споменот на некогашниот владетел кој според едни, и не беше ангел, но не се и луѓето ангели, додека според други ако е политиката уметност на можното, Тито го правеше и невозможното.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Трети велеа дека никогаш овој простор во глобални рамки не бил позначаен како што бил во голем дел од Титовиот живот како за Балканот, така и за третиот свет.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)