Најновиот пречистен текст на Тарифата за награда и надомест на трошоците за работа на адвокатите, објавен во Сл. весник на РМ 20/2005, ги опфаќа: Тарифата за награди и надомест на трошоците за работа на адвокатите (Сл. весник на РМ, 23/93); Одлука (Сл. весник на РМ, 4/94); Одлука за измена на Адвокатска тарифа (Сл. весник на РМ, 80/02) и Одлука за измени и дополнувања на тарифата за награда и надомест за работа на адвокатите (Сл. весник на РМ, 14/05). 9. Според ЗПП тужителот може да ја повлече тужбата – без сог ласност од тужениот, пред да се впушти тужениот во расправање за главната работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сега основицата за пресметка на испратнината е просечната нето-плата на работникот во последните шест месеца пред отказот, но истата да не биде помала од 50% од просечната нето-плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред отказот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Според актуелниот ЗРО – работодавачот, пред да го откаже договорот за вработување од деловни причини, може на работникот да му понуди: 1) вработување кај друг работодавач без огласување, со преземање и склучување договор за вработување за вршење на работи кои одговараат на неговата стручна подго- товка, односно квалификација; 2) стручно оспособување – обука, 286 преквалификација или доквалификација за работа кај истиот или кај друг работодавач; или 3) нов договор за вработување [пред от- каз] (чл. 96, ст.1, т.1-3 од ЗРО). A, пак, во случај на прогласување за технолошки вишок, работодавачот е должен на работникот да му исплати испратнина – како негово неотповикливо право, и тоа според следниве критериуми: а) до 5 години поминати во работен однос = во висина од една нето-плата; б) од 5 до 10 години работен однос = две нето-плати; в) од 10 до 15 год. = три плати; г) од 15 до 20 год. = четири плати; д) од 20 до 25 год. = пет плати и 6) над 25 год. = шест плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)