Луди, безумни и неразумни времиња и во нив и луѓе кои од туѓата болка си направија широка и мека постела распослана врз тој тежок и ужасно болен, страшен и уништувачки удар што нѐ раздроби, откорна и разнебити...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Купена куќа, прошетка, роба, купено време со туѓа болка, не дава среќа, не вреди, вредност нема, а само празна слика копија на оној кој гинел, само отсјај во огледалото, одраз блед на сонцето во туѓ поглед кој многу чинел.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
А овие страници се само обид да се искорне од заборав еден настан каков што бил и каков што може да се повтори сегде каде што е човекот и своја и туѓа болка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Марија, ѝ реков. Децата се садисти. Нашиот син ужива во туѓа болка.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)