Пули, да видиш... зошто, да те прашам јас тебе, народот не испеа такви песни за туѓите војски, а?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Албанците со векови служеа во туѓи војски, на императори и цареви, а без да имаат своја татковина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но ако затреба нашиот народ ќе се пресели во нив, ќе се брани и од туѓите војски.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Студ од коските ќе ви се цеди, туѓите војски ќе ги гледате како живи созданија без душа. На ништо нема да се сеќавате.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
А каде е сега? Каде се луѓето? Изумреле, болести ги сотреле, туѓи војски ги искасапиле...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Да ги удавиш туѓите војски?!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Дедо ми долу, во нашето село душа испуштил во поморијата - баба ми, мачна душа, куртулила - се искачила да ни каже за сè што сториле туѓите војски... и татко ми бил сосечен таму на Б е л а с и ц а.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Татко ми и браќата - од туѓите војски - сосечени на Б е л а с и ц а.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Оф, леле, не е на арно! Поморија... Туѓи војски стасале до среде селото!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Никогаш дотогаш железничарот Круме не се чувствувал толку виновен пред својот прв син - дури ни тогаш кога го испраќаше острижен во туѓа војска, за да си го намали товарот на куќата за една уста.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Неа ја зајакнуваа туѓи војски, идеологии, војни.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Каде ви се? – Ги дадовме! – прифати мајка ми, навикната да одговара прва, кога упаѓаа туѓите војски в куќи, во отсуство на татко ми.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Фалангата немаше страв, како со остар нож, ги косеше туѓите војски!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Високо над нас орелот ќе полета патот следете го негов! наспроти силните туѓи војски ние сме лавови во железен оклоп!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Со моето и со твоето минато, со нашите „тајни врски” со дојденците, кога поради нив си бевме и туѓи на својата земја, моравме да се спасуваме и од туѓите војски и од нашите?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)