Или како: лицето што го набљудувам во огледалото; свежината на вода на дланка; потполна сосредоточеност на секое движење; веселост во зборовите „глувче“; недофатлива трошка во устата; тело собрано во тилот; туѓ глас кој после подолго прислушкување го препознавам како свој.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
„Ало“, рече нечиј туѓ глас. „Да, молам“, возврати старецот. „Не пречете ми повеќе.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тој, господи, очигледно совладувајќи се да не крикне, продолжи со туѓ глас.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се грчел и како оддалеку да ги слушал призраците на туѓите гласови додека барале од него да го прераскаже настанот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Влегуваше туѓ глас кој не можеше да ја достигне изворната хармонија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Добредошле“, рече со туѓ глас и виде дека се гледа од мало тркалезно стакло.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Гласови. Во далечините. В ред! Туѓ глас.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Она што се случило вчера крај исечените стебла како да било сон што сè уште не се сушел под стежнатите клепки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)