Додека има во Македонија почва за национални пропаганди, додека не се отстранат причините туѓите држави да имаат во Македонија повеќе влијание од самата Турција, до тогаш Турција ќе има само расход во Македонија, а не ќе има од неа никаква полза, до тогаш секоја минута ќе треба да се плаши да не ја загуби Македонија; а ако се признае официјално оти во Македонија нема неколку словенски народности, ами има само една одделна, ни бугарска ни српска, и ако се оддели Македонија во самостојна архиепископија, наеднаш Турција ќе се ослободи од мешањето во македонските работи од сите 3 соседни држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И тој скокна во ливадата и вика: ״не сакам ливадата да ми биде во туѓ синор, во туѓа држава.“
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Хелмут Пред недела дена бев на свадба кај девојче што се претвори во кралица и од утре ќе краси некои други работни простории, други улици, во туѓа држава, што многу брзо ќе стане нејзина, нова татковина.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)