Не исклучувај го првото озлогласено
дехидрирано лице еднина, но
можеш ли да бидеш лична
и во туѓо име, да имаш царска Ние-тага
избегнувај го, во формална смисла на зборот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Стрвоста и поривите ќе ни ги припитомат
и превоспитаат: на туѓи имиња
ќе се одѕиваме како на свои.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Прекриена со буквите на туѓите имиња, сликата на човекот од екранот гасне.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Макар што на Македонците им е доволно само раздобјето Од Александар Трети Македонски до Цезар Македонците не го фермаат многу многу Некој си Калигула таму и особено неговиот коњ Кај го давале Македонците Букефал За некаков дртав коњ на Калигула Спроти императорот и коњот велеа Македонците Никој не велеше спроти императорот и аеродромот Што е знак дека Македонците сепак беа свесни Дека никогаш нема да имаат аеродром спроти Александар Велики Ама напатени од многу посегања врз минатото и иднината Си велеа поарно мало аеродромче со големо име Ем големо ем наше си велеа Македонците Отколку голем аеродром со туѓо име што се пишува на латиница
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Се плашат од нивните имиња на гробовите, вели, зар со туѓи имиња да лежат в земја?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
По експедирањето на динамитот за Кочани, тој требало да се врати во Солун, но тоа морал да го стори под туѓо име.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Објаснувањето на Катерина се чинеше сосема логично: нема потреба за симпатии кон туѓи имиња кога веќе постојат и наши.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)