туѓ (прид.) - маж (имн.)

А Родна, покрај тоа што се посомневала во намерите на Рајна, туку за несреќа неколкупати и ја заварила во друштво со нејзиниот Генерал и тоа во дуќанот за сода-вода, иако Рајна немало што да бара таму и тоа сама, со туѓ маж.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во таа збрлавеност се случуваа и грешки; се случуваше - по грешка некој од мажите да преспие кај туѓа жена, а некоја жена кај некој туѓ маж; се случуваше да се родат копилиња, да зашета некоја жена со искасани образи, но луѓето во тие мигови - сѐ си простуваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)