Колку ли само театарски чинители, бегајќи од сопствениот стерилитет, влегуваат на туѓа територија (се мисли на театарските сцени) и необмислено, неодговорно и недоследно ги уништуваат животите на илјадници слепи пилци и кокошки.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Оценувајќи ја советската експанзија како најопасна за британските интереси, во април 1945 година Черчил зазел цврст став со којшто отстапувањето на туѓите територии можело да се врши само на мировни конференции бидејќи, според него, неконтролираните договори и преговори не би можеле да го "спречат руското навлегување во Централна и во Западна Европа".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Черчил бил наполно свесен дека со фрлањето на Југославија "со сето срце во прегратките на Русија", британското влијание во оваа земја е целосно изгубено.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Со констатацијата за фрлањето на Југославија "со цело срце во прегратките на Русија", тој бил сосема во право кога укажал на залудноста за натамошно учество и поднесување непотребни жртви на Велика Британија "во игра што ја губиме".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Еве, дури и ние мораме да учествуваме во американската авантура во Ирак, иако никогаш во својата историја не сме пратиле војник на туѓа територија...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Растојанието треба да го почувстуваш
како предност
и да ја опишеш
лутата сапуница на надежта
во душата што ти влегува по којзнае кој пат
те зазема како што се зазема туѓа територија
те присвојува како што се присвојува туѓо дете
и за сето време на мис-мириса.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
При една таква ситуација, оценувајќи ја советската експанзија како најопасна за британските интереси на Балканот, во април 1945 година, Черчил зазел цврст став според кој отстапувањето туѓи територии можело да се врши само на мировни конференции бидејќи, според него, неконтролираните договори и преговори не би можеле да го спречат советското напредување во Централна и во Западна Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)