И на сите во одајата им стана јасно дека ќе го мрсат ортомчето, било јавно како Алекса, било тајно како Дончета, та еден ден излезе еден млад човек висок, со руса убава брадичка, пред сите со еден предлог: — Ќе нѐ каснат агите што ќе нѐ каснат; таа се виде, луѓе, ами ајде да побараме некое чаре.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој беше висок, со убава брада, чоена сина мантија престегната со свилен црвен појас и златен крст околу вратот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
— Е кажувај го бре, Кољо, чарето? — му се обрнаа неколку гласа одеднаш.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)