убав (прид.) - момент (имн.)

Повторно да се присетиме на сите убави моменти што ги поминавме заедно. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не очекував ваков почеток на разговорот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ико еден дел од мене не беше задоволен од тоа како го живеам животот и имав некои неисполнети мои желби и посакувањеа, јас сепак имав во себе акумулирано резерви од минатото, односно од убавите моменти што ги имав поминато во Франција пред многу години, па тоа донекаде ме правеше попозитивна и пооптимистички расположена.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Па, убавите моменти стануваа неубави и тажни.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
За секој кариерен дипломат ова можеше да биде убав момент. Не коментирав.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакав да го стопирам времето, да потраат тие убави моменти.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Поминав и искусив многу тешки и убави моменти.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
После сите денови на радост и смеа, после сите убави моменти што толку брзо помина сега двајцата бевме тажни.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)