убав (прид.) - работа (имн.)

Одамна го имам намислено ова, ама сам, без вас сите, не се може.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Убава работа, но каде се излегува од Катилана? — се затапкаа сите, не гледајќи некакви можности во предлогот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Убавата работа околу уредувањето на Raw е што ја наметнувам мојата сопствена произволна уредничка контрола.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Потоа Тоше го врти букварот и чита за малиот Миле и неговата мама, па за Ема што сама се мие, и ред други убави работи.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Едноставно ги чувствуваше убавите работи во кои треба да се вложува поради нив самите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Прво кога дојдоа и ги видовме се израдувавме, си рековме убава работа биле, да има човек некоја иктиза веднаш ќе ја сврши.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Застанав и му велам на Анѓелета: „Не ни е убава работата — нешто лошо ќе ни се срети.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Забележал некој дека сте заминале и, нормално, ви ги украл. Убава работа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Убава работа е да имаш голем брат – си мислев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само што не сум сигурна дали неговата идеја е баш паметна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никогаш нема да ти купам друг, да знаеш – ѝ свика на Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Убава работа, велам, да не сакаш орден?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Орото се растури уште веднаш штом стана Башмајсторот и сега заминуваа, цела поворка, цела тајфа, додека жените довикуваа по нив „Создравиеееее - “, а буките крај патот имаа зелени, распукнати, набабрени пупки и селото во таа утрина се чинеше толку убаво, ги видоа наеднаш сите убави работи во него и некако копнееја од тоа, сите со по една стегната вилица и со нешто меко, болно и ранливо во погледот, заскитен напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Место тоа државата отпушта многу пари, ја помогнува нашата Задруга, од сето тоа можеше да се направат многу убави работи, само да имаше малку поинаков квас во себе, она кучкино копиле, или да беше некој друг на негово место.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Тоа е убава работа, сигурно е и интересна - рече Елена, а така и мислеше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Чудесно ќе те изненадат, ќе ти го изнаполнат срцето со топол ветар и веќе си сосема друг - гледаш само убави работи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Балоните се убава работа. Особено кога ќе се добијат на подарок.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Децата треба само да учат! Да учат и да растат! И да пеат само за убави работи!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Семјон честопати ќе ми речеше дека Борис Степанович сторил убава работа кога не му даде потврда на Ролан Јаковлевич дека бил генерал во Царската Руска Армија.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)