Цел ден Снежана се прашуваше дали сето тоа било вистина или само еден убав сон!
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Баба му го погали по лицето и му рече: - Убав сон си сонувало, внуче.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Сè што се случи толку набрзина, веќе ми се чинеше толку туѓо и далечно, како да беше некој не толку убав сон, да не кажам кошмар, на кој човек не сака да се присети.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Баше тоа сон. Убав сон во многу бои, првин во трепети, а потоа во преливи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Попусто е човек да му се опира на тоа што станува и што треба да стане и да ја бара чистотата на својот убав сон во средствата на остварувањето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Само штуриот епилог на еден толку убав сон што им даваше смисла на неговите деветнаесет години.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Пријатно му беше од тој глас, мислеше дека го сонува деда си, па лежеше со затворени очи, не сакајќи со ништо да го прекине убавиот сон.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Си вртев многу убави соништа... (стр. 11, 12, 13, 14, 15, 16) Токму тука на овој кеј, на 18-ка, моите добри родители направија сосема неповолни зделки за време на зимата 92, тоа нѐ враќа многу одамна.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Пријатно е да се доживее убавиот сон, па нека е и лажен.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Проклет да бидам, каков убав сон беше Големата вода, - секогаш верував во измислици.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ко ковач на својата судбина, од воодушевување до обвинување. Kопнеам по романтични чувства, со глазура од сенките на непобитноста, крадец, на убавите соништа и доблести, што животот го прават убав...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Оние во шарените куќички под огромниот крст на врв рид си веруваат ли, веруваат дека некоја заскитана пеперутка од Андите само што не им слетала на левото рамо да им донесе троа среќа, не мора една вреќа ами сал троа среќа, а најсреќни се, се разбрира, тие кои уште од раѓање ќе си се вгнездат во некој убав сон и ним им заблазнуваат сите.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Си бев рекла, ако се случи тоа нека се случува на некоја од патеките на убавите соништа...
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„А, ти, ниту збор. Сето тоа бил само сон, мошне жаловен и убав сон.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)