уличен (прид.) - светилка (имн.)

Ноќ Ноќна, улична светилка. Лаеж, есенска боја низ стаклото, ја пие перницата. Само сакам да заспијам.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Знам дека кога се палат уличните светилки, кога гори и свети неонот, тогаш кога се преливаат светлата во чудесни нијанси и кога луѓето од далеку ги посматраш како силуети, е најпријатно да се впуштиш кон „Пигал“, па сè таму до „Клиши“ и „Амстрдам“, кон „Сен Лазар“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа стоеше покрај портата на ѕидот, под уличната светилка која одвај осветлуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некој дел од повеќекатница ќе се укажеше над нас, некој сив и влажен ѕид ќе изнурнеше на нашиот пат; големата медуза на улична светилка ќе запловеше за миг над нашите глави, движејќи се низ горните слоеви на вселената.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Слабо светло од улична светилка.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Уличните светилки прават одсјај во водата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тука се кинеа нишките на свеста како лента на безвучен филм, а продолжуваа пак по една улична светилка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Темнината везеше врз нив влажни шари. Околу матниот живот на уличните светилки се роеја игличести, капки, проѕирни бубалчиња.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Види, јас никогаш досега не сум забележал дека пред нашата куќа нема ниедна улична светилка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тука се кинеа нишките на свеста како лента на безвучен филм а продолжуваа пак под една улична светилка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Топката на С удри во прозорецот од нејзината врата и жената од страв се наведна; изгуби контрола врз автомобилот, удри во најблиската улична светилка и загина на лице место.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во скршената улична светилка што со камен си ја погодил ти или твојот другар е и динарот од твојот татко, од таткото на твојот татко, од сите нас.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Понекогаш ќе се наведнеше и ќе подигнеше некој лист за да ги разгледува неговите жилички, под слабата светлина од ретките улични светилки.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)